Претрагата прекината во текот на ноќта поради лоши услови
Изутринава повторно е активирана потрагата по 16-годишното девојче кое исчезна во реката Вардар во близина на селото Уланци, општина Градско. Потрагата, која вчера започна попладне, беше привремено прекината синоќа поради неповолни услови за работа на терен во текот на ноќта. Дежурниот оперативен центар на Центарот за управување со кризи информираше дека екипите биле принудени да се повлечат поради немање соодветни услови за претрага.
ПОТРАГА ВО ВАРДАР: Исчезна 16-годишно девојче, спасена 26-годишна девојка
Една спасена, една сè уште се бара
Инцидентот бил пријавен во СВР-Велес, каде било соопштено дека две лица – на возраст од 16 и 26 години – паднале и потонале во водите на реката. При доаѓање на службите на терен, 26-годишната девојка била пронајдена жива, но по 16-годишното девојче сè уште се трага.
Сите ресурси насочени кон продолжување на акцијата
Од велешката полиција потврдуваат дека претрагата продолжува утрово со ангажман на сите расположливи ресурси. Надлежните институции остануваат на терен во надеж дека ќе се дојде до разрешница на трагичниот случај.