Економијата заради СДС тоне, висока инфлација, зголемен трговски дефицит, голем јавен долг, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија со СДС ја има најголемата инфлација во Европа. Инфалцијата од 20% ги јаде примањата на народот.
Лага е дека има покачување на плати, тоа не е ниту порамнување. Реалноста е дека имаме пад на реалната плата. Тоа што пред две години граѓаните го купувале за 500 денари, сега не можат ниту за 1.000 денари.
Лошите показатели од неработата на власта се насекаде. Трговскио дефицит постојано се зголемува.
Јавниот долг со СДС достигна над 7.5 милијарди евра. Или за неколку години откако е власт СДС тој е зголемен за 3 милијарди, а нема никакви нови изградени проекти, ниту некој знае да каже каде заминаа тие пари.
СДС немаат ниту концепт, ниту знаење како понатаму. Затоа треба предвремени избори час поскоро, се вели во соопштението на партијата.