Според анализата на „Економист“, во овој временски период од ковид-19 починале 2.490 луѓе во земјава, но имало вкупно 5.690 смртни случаи, за кои не може да се каже од што настанале. Пред нас се Перу и Русија, а по нас Бугарија, Литванија, Мексико, Србија, Еквадор и Молдавија, пренесуваат од „Слободен Печат“.

Според „Економист“, бројот на починати како резултат на пандемијата со коронавирусот може да е уште поголем од официјалните статистики што здравствените власти секојдневно ги објавуваат и тоа благодарение на неколку причини. Прво, официјалните бројки не ги вклучуваат тие што починале, а пред смртта немале позитивен тест на ковид.

Ако се земе бројот на починати во некое место од која било причина во одреден период, па се спореди со истиот период од други години, ќе се добие нешто што се вика „прекумерна смртност“.

Целата анализа можете да ја прочитате на Слободен печат.