Оставка пред собраниската седница

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски, поднел оставка од функцијата пред Собранието да расправа за неговото разрешување. Ова произлегува од документ во кој Коцевски официјално бара престанок на функцијата, пред закажаната седумдесет и шеста седница на Собранието.

Во продолжние може да го погледнете во целост:

Предмет: Барање за престанок на функцијата Jавен обвинител на Република Северна Македонија

Почитувани,
За ден 16.12.2025 година со почеток во 11 часот закажана е седумдесет и шестата седница на Собранието на Република Северна Македонија, на која е предвидено да се разгледува Предлогот за мое разрешување од функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија.

Ве известувам дека во смисла на член 86 став 1 алинеа 1 од Законот за Јавно обвинителство, до Собранието на Република Северна Македонија поднесувам барање за престанок на функцијата Јавен обвинител на Република Северна Македонија и во смисла на член 86 став 2 од Законот за јавно обвинителство барам Собранието на закажаната седумдесет и шеста седница да го утврди престанокот на мојата функција како јавен обвинител на Република Северна Македонија.

Потпис на јавниот обвинител

Барањето е официјално потпишано од Љупчо Коцевски во својство на Јавен обвинител на Република Северна Македонија, со што тој формално ја известува законодавната власт за својата одлука да ја напушти функцијата пред да се спроведе постапката за разрешување.