Пред еден месец, Лазаров изврши физички напад врз сопствениците на Александар Палас, по што вчера од компанијата сопственик на хотелот побараа да биде одземена лиценцата за обезбедување на неговата компанија, како што вчера пренесе ИНФОМАКС.
Се чини дека законот не важи за овој бизнисмен близок и фаворизиран од владејачката СДСМ, која му обезбеди тендери вредни милиони евра и монопол во лабораторискиот бизнис. Пред два дена, истиот бизнисмен во алкохолизирана состојба (а можеби и нешто повеќе) извршил физички напад и разбојништво во комплексот Вергина каде што живее.
Откако пред два дена објавивме за настанот, редакцијата на Лидер, денес ексклузивно стигна до полицискиот записник за разбојништвото на бизнисменот близок на фамилијата Заеви. Полицијата излегла на терен по барање на чуварот во објектот кој бил нападнат од Лазаров.
Во извештајот на полицијата може да се прочита како Лазаров кој живее во овој објект го нападнал чуварот затоа што истиот не сакал да му ја отвори капијата за автомобили за преку неа да помине пешки.
-На местото на настанот по кажување на поменатиот Јован М. (н.з чувар на објектот) се дозна следново: во времето околу 01:45 часот на 08.02.2022 година во комплекс Вергина лоциран на ул.60 во Волково,Орман, НН лице (по кажување на Јован се работи за лицето Кирил Лазаров кој живее во комплексот) дошло на наведената локација и на висок тон побарало да се отвори големата железна капија за да влезе во објектот. Од страна на обезбедувањето од СГС, во случајов од страна на Јован му било укажано дека ќе биде отворена споредната мала капија, бидејќи истиот не бил со возило. Лицето почнало бурно да реагира, да упатува вербални закани и пцовки кон Јован. – стои во записникот.
Според полицискиот извештај, веднаш по заканите и пцовките, следувало физичко насилство од страна на бизнисменот Лазаров кон чуварот во објектот.
Во исто време влегло во комплексот и пред капијата дошло до физички контакт при кој сторителот го фатил Јован за предниот дел од облеката-џемперот и му го скинал. Во тој момент Јован се затетеравил, изгубил рамнотежа и од главата на асфалнтната подлога му двата пара очила и истите се скршиле. Сторителот го искористил моментот, земал метла која била потпрена на аголот од влезната врата и најпрво ја скршил надворешната камера лоцирана на инкривната конструкција од објектот, по што влегол во мониторинг просторијат. Внатре ја скршил и влезната камера и со клучот кој бил во бравата од шкафот во кој се наоѓале ресиверите отклучил, насилно ги демонтирал двата ресивери, ги одзел и со истите го напуштил местото на настанот. – стои во полициската белешка за случајот.
Веднаш потоа, полицијата по налог на обвинител извршила претрес во домот на бизнисменот Лазаров каде што биле пронајдени ресиверите од камери кои ги украл, а на кои веројатно е снимен како извршува насилство.
Според очевидците на настанот, газдата на НИКОБ очигледно бил под дејство на некакви супстанции.
Останува да видиме дали законот ќе важи за овој бизнисмен кој важи за екстремно близок до власта на СДСМ.