ЕКСЛУЗИВНО: Бујар Дарлишта од ДУИ се обидел да избега пред апсењето

Вистинска драма ѝ претходела на полициската акција во која утрово е уапсен Бујар Дарлишта од ДУИ, заедно со негови соработници. Според достапните информации, акцијата е реализирана ноќеска, при што полицијата лишила од слобода повеќе лица и извршила претреси на неколку локации низ државата.

Апсење по обид за напуштање на државата

Дарлишта се обидел да избегне апсење, но бил лоциран и приведен на граничниот премин Долно Блаце, ексклузивно дознава Радио Лидер. По неговото приведување, полициската акција била заокружена со апсење и на други лица поврзани со случајот.

Поранешен функционер и истрага за корупција

Бујар Дарлишта е кадар на ДУИ и во изминатите години извршувал повеќе раководни функции во државната администрација. Најпознат е по мандатот како директор на Управата за водење на матични книги, а подоцна бил именуван и за управител во ЕСМ Дистрибуција. Според досегашните информации, станува збор за акција насочена кон сузбивање организирана криминална група осомничена за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал.