Новинарот Горан Момироски се расплакал на снимање на емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ, тврдат извори во телевизијата за Радио Лидер.

Момироски се расплакал на емисијата на која гости биле мајка на дете болно од цистична фиброза и лице со попреченост кои зборувале за проблемите со кои се соочуваат најранливите категории граѓани.

Момироски за Радио Лидер не сака да коментира за солзите што ги пуштил во емисијата, но вели дека не е срамно и е човечки да се плаче во секоја прилика ако се работи за хумани емоции кои не можат да бидат совладани.

Емисијата треба да биде емитувана во текот на неделава.

Момироски беше гостин на Радио Лидер пред еден месец.