Френк Хугербитс, од Институтот „ССГЕОС“, пред три дена на својот Твитер профил објавил дека „за многу кратко време ќе се случи земјотрес“ во регионот околу Турција.
Освен оваа објава на Твитер, сеизмологот имал и Јутуб видео во кое го предвидел она што се случи утрово.
Силниот земјотрес утринава остави тешки последици во многу делови од Турција и Сирија. Бројот на мртви постојано расте, а штетата е огромна.
Сеизмологот Стивен Хикс смета дека земјотресот што утринава ја погоди Турција би можел да биде најсилниот инструментално регистриран земјотрес во оваа земја.