Во меѓувреме, извештајот на американската разузнавачка служба, побаран од американскиот претседател Џозеф Бајден, даде нецелосен заклучок за потеклото на вирусот, вклучувајќи ја и теоријата дека вирусот преминал од животно на човек или дека „протекол“ од кинеска лабораторија, објави „Вашингтон пост“ вчера.
Во коментар објавен во списанието „Nature“, експертите на СЗО велат дека истражувањето за потеклото на вирусот е „клучна пресвртница“ која бара итна соработка, но наместо тоа, се запрело.
Тие нагласија дека кинеските власти се уште не сакаат да ги споделат податоците, а како причина ја навеле „заштитата на правата на пациентите“, пренесе „Танјуг“.
Претходно оваа година, СЗО испрати тим во Вухан, каде што првиот случај на коронавирус беше официјално регистриран во декември 2019 година, за да испита како се започнало.
Во анализата објавена во март, СЗО заклучи дека вирусот најверојатно се шири од животни на луѓе и ја нарече веројатноста за „истекување“ од лабораторијата „исклучително мала“.