Информациите од првиот човек на ЕСМ Васко Ковачевски дека дневното производство во РЕК Битола е од 18 до 19 илјади тони јаглен влеваат оптимизам, сметаат експертите, откако тој вчера во интервју за Канал 5 ги отфрли како шпекулации информациите на министерот Бектеши дека во РЕК има јаглен за само неколку дена. Тврдеше дека домашното производство ги задоволува потребите, но професорот Константин Димитров сепак вели дека иако бројките
-Тоа е добра информација дека имаме ископ толкава количина, не е добро за системот ако имаме зголемени врнежи и ќе го оневозможат тој багер да работи, да се заглави. Ќе треба сите карти да ни се погодат да преживееме зимава. Да нема дожд…. / Висиме на конец целата енергетика во Македонија на РЕК Битола, не дај боже нешто да се случи како што се случи.. изјави Константин Димитров, енергетски експерт
Владата вчера прогласи кризна состојба во траење од 30 дена и одлучи на енергетските компании да им префрли 65 милиони евра. Допрва ќе се разгледува по колку пари ќе добијат ЕСМ и МЕПСО. Во текот на неделава треба да стигне и фактурата од Европската енергетска заедница, колку треба да плати државата за влечењето струја изминативе месеци. Рестрикции за домаќинствата не се предвидени, сепак Димитров смета дека повисоки сметки по Нова Година ќе бидат неминовни.
-Не ни е убава состојбатата, точно е дека сме во криза. Криза сме бидејќи и со ова што работи 50% произведуваме, другото ќе мора да го купиме. За да го купиме ни требаат пари, мислам дека Македонија нема пари, мораме да бараме кредити. Тие кредити се скапи и ќе мора да ги вратиме. Мора да поскапи цената на електрична енергија, да придонесеме во санирање на компаниите. изјави Константин Димитров, енергетски експерт
Од први декември треба да стартува со работа и ТЕЦ Осломеј, за кој 130 илјади тони од планираните 300 илјади треба да пристигнат од средина на месецов до крајот на јануари. Ќе се набават од Косово и од домашна фирма од Берово. За останатите 200 илјади тони, договорите допрва ќе се потпишуваат.
Инаку сите банки и штедилници членки на МБА во наредните 30 дена нема да ги палат светлечките реклами во нивните експозитури со цел придонес кон заштеда на електричната енергија, инфомираа оттаму.