Ќе се вклучат и експерти од странство, со цел да има независна и темелна истрага. Вели дека никој нема да биде изземен доколку се утврди одговорност.

– Биле хоспитализирани 26 пациенти. 12 пациенти кои се евакуирани безбедно во моментот се хоспитализирани во болницата во Тетово и тие се во стабилна состојба. Нема повредени или починати здравствени работници, рече Филипче.

На возраст од 29 до 79 години се 14-те починати. Министерот вели дека истрагата ќе покаже дали објектот бил добро одржуван. Toj ги повика медиумите и граѓаните да не создаваат паника.