Со загарантираните 20.175 денари нема да се зголеми куповната моќ на граѓаните, напротив износот на минималецот ќе влијае врз инфлацијата. Експерите сметаат дека концептот на зголемување на минималната плата може негативно да се одрази и врз стапката на  невработеност. Предупредуваат дека дел од фирмите можеби нема да можат да исплаќаат го исплаќаат овој минималец и со тоа ќе бидат принудени да отпуштаат.

Категоријата вработени со минимална плата не е доминантна и со тоа не може да влијае на системот на покачување во однос на другите плати смета професорот. Просечниот Македонец и неговата куповна моќ се уште се далеку од просекот на земјите од регионот.

Спротивно на размислувањето на експертите, вицепремиерот тврди дека зголемувањето на минималецот ќе стимулира покачување и на останатите плати.

Вицепремиерот уверува дека со ова зголемување граѓаните ќе имаат повеќе да трошат.

Битиќи вели согласно овие пресметки следната година минималната плата може да порасне за дополнителни 3000 денари. Со ова државата ќе спречи миграција на онаа категорија граѓани кои работат во сектори каде се исплаќа минимална плата, а за истите кадри има побарувачка на странските пазари.