Два танкери за нафта експлодирале и се запалиле откако поминале низ минирана рута во Ормускиот Теснец, тврди Иранската револуционерна гарда (ИРГК). Според нив, теснецот во моментов е „екстремно небезбеден и целосно затворен“ поради, како што наведуваат, американската агресија.
Информацијата ја објави иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на соопштение од Иранската револуционерна гарда.
Во меѓувреме, Британската канцеларија за поморска трговија (UKMTO) сè уште нема издадено официјално соопштение за наводниот инцидент.
