Едно лице загинало, а две се повредени во експлозија на гас што се случила во австрискит град Кремс, што се наоѓа на осумдесетина километри западно од Виена.
Според локалните медиуми, дошло до експлозија во фабрика за хемикалии. Наводно нема опасност по животната средина.
Според неофицијални информации, експлозијата се случила во ходникот на фабриката, во моментот кога внатре биле двајца работници. Едниот им подлегнал на повредите, додека другиот бил спасен.
Половина зграда е уништена.
Повредени се маж и жена – соопштија од противпожарната служба.