Големиот пламен и црниот чад избиваат од областа на англиската бања Лемингтон Спа во округот Ворвикшир, од индустрискиот дел на местото во близина на Ковентри.
Пожарникарите се борат против пожарот, а “BBC” пренесува дека се слушаат и експлозии. Неколку противпожарни екипи се пратени на местото на експлозијата, соопштиле противпожарните служби на Ворвикшир и Спасувачките служби.
Од Службата за националното здравје на Англија ги советуваат граѓаните да останат дома и да ги затворат прозорците. Полицијата во Ворвикшир потврдила дека е на местото на пожарот и дека некои патишта се затворени.
Итната помош добила повик во 11:38, а едно возило било пратено на местото на инцидентот, како и Специјален тим за одговори на опасни ситуации.
Засега не се знае дали има повредени и која е причината за експлозија.