Неколку лица се повредени од експлозија на плинска боца во ресторан за брза храна во Белград, јавува известувачот на Танјуг од местото на настанот.
За брзо врема на местото на настанот пристигнале екипи на Итната помош и противпожарно возило.
Белградските медиуми известуваат дека засега две лица се пренесени во Ургентниот центар, а еден маж е тешко повреден.
Еексплозијата се случила во ресторан за брза храна, а биле повредени двајца работници и еден маж кој дошол да помогне.