Елена Петрова и Дуња Иванова се првите македонски претставнички на светското велосипедско првенство кое се одржува во Глазгов.
Петрова и Иванова во својот прв историски настап за Македонија на светското велосипедско првенство се појавија во дисциплината возење на хронометар.Патеката беше долга 36,2 километри и беше лоцирана во Стерлинг крај Глазгов.
Петрова како државна шампионка и Иванова како второпласирана се наметнаа во оваа селекција, а нивната добра форма беше потврдена и во мај оваа година кога учествуваа во трката што се одржа во Умаг, Хрватска, која е дел од серијата „UCI Gran Fondo“ што светската велосипедска федерација ја организира за ентузијастите кои го сакаат овој спорт. Тогаш, Елена Петрова заврши како второпласирана во категоријата од 19 до 34 години, додека Дуња Иванова беше третопласирана во категоријата од 35 до 39 години,
Велосипедска федерација ги поддржа учесничките на овој „вело – мундијал“, а дополнително ќе треба да испрати и претставници на Европското првенство во Холандија што ќе се вози од 24 до 26 септември.