Елвин Куртовиќ, кој заработи доживотен затвор поради убиството на едно лице кај трговскиот центар Мавровка на 20 август минатата година, денеска повторно ќе седне на обвинителна клупа во Скопскиот кривичен суд.

Го призна убиството, но не призна вина за другите две дела

Своевремено го призна убиството, но не призна вина за другите две дела „нелегално поседување оружје“ и „обид за убиство“ на полицајците кои беа во потрага по него на критичниот ден.

Претходно, скопскиот кривичен суд го осуди 40-годишниот Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството на 59-годишниот Васил Ефтимов. Убиството се случи лани во август кај трговскиот центар „Мавровка“. Судот оцени дека Куртовиќ бил пресметлив и свесен за своите постапки кога посегнал по оружјето.

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ – убиецот кај Мавровка

Убиство среде бел ден, проследено со грабеж

Елвин Куртовиќ првин го застрелал Ефтимов со еден истрел во срцето, а потоа ја ограбил неговата сопруга, одземајќи ѝ чанта со компјутер и кутија со алат. По убиството, при обидот за бегство, пукал кон четворица полицајци, но не ја призна вината за обид за убиство на службени лица.

Судот не прифати поблага казна

Адвокатката на Елвин Куртовиќ, Софија Лаличиќ, побара поблага казна. Таа тврди дека нејзиниот клиент бил под дејство на дрога и не можел да расудува. Судот ја отфрли оваа одбрана, истакнувајќи дека психијатриските вештачења покажале дека тој бил свесен за своите постапки.

Криминално досие што датира од 2001 година

Куртовиќ има богато криминално минато, започнато од 16-годишна возраст. Бил осудуван за кражби, разбојништва, недозволено поседување оружје и фалсификување документи, а бил пресудуван и од суд во Србија.