Ова го објави денеска на својот сајт АФМПС, белгиската агенција за лекови и здравствени производи.
Според белгиските здравствени власти Европската агенција за лекови, ЕМА, е запознаена со пет случаи на протекување на крв од капиларите, многу ретка болест која води до потекување на ткивата и намалување на крвниот притисок.
Пет случаи се пријавени до платформата за фармаковигилентност на ЕМА, но за сега нејасно е дали станува збор за нус појава од вакцината на АстраЗенека. Пред неколку дена ЕМА потврди дека појавата на тромбози е ретка но можна нус појава од оваа вакцина.