Фармацевтската компанија Модерна побарала од Европската агенција за лекови, ЕМА, да ја разгледа можност за употреба на нејзината вакцина кај деца под петгодишна возраст против Ковид-19.

Ова денеска го соопшти Марко Кавалери, задолжен за стратешка вакцинација во Агенцијата.

-Започнавме со проценката на барањето на Модерна да се прошири употребата на Спајквакс кај деца меѓу шест месеци и пет години и ова е прво барања за оваа возрасна група, изјави тој.

ЕМА одобри употреба на вакцините на Модерна кај деца од шест годишна возраст, сега за прв пат ќе се испитува употребата кај бебиња и мали деца.

Децата обично го прележуваат вирусот полесно од возрасните, но можат повеќе да го пренесуваат.