Д-р Марко Кавалери, во име на ЕМА, наведува дека се’ уште нема јасна препорака за тоа кога и кој треба да добие засилувачка доза и oти таквата одлука треба да се донесе врз основа на достапните епидемиолошки информации и податоци за ефикасноста и безбедноста на вакцината.

-Во моментов, миокардитис и перикардитис се главните безбедносни ризици поврзани со mRNA вакцините, особено по втората доза. Повеќето од овие случаи се благи, а ризикот од нивна појава после третата доза се’ уште не е докажан , забележува Кавалери.

ЕМА наведува дека е важно да се направи разлика помеѓу зголемена доза кај луѓе со нормален имунолошки систем и дополнителна доза за луѓе со ослабен имунолошки систем.