Стратешки енергетски проект со три главни компоненти
Премиерот Христијан Мицкоски и претседавачот на турската компанија „Казанџи Холдинг АС“, Шабан Џемаил, денеска потпишаа Меморандум за разбирање, со кој се отвора патот за реализација на значајна инвестиција во енергетскиот сектор на земјава. Проектот, чија вредност се проценува на една милијарда евра, вклучува развој на нови капацитети за производство на електрична енергија, изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас и имплементација на мерки за зголемување на сигурноста во снабдувањето со гас.
Целата прес-конференција може да ја погледнете во продолжение:
(ВО ЖИВО) Прес-конференција на премиерот Христијан Мицкоски и Шабан Џемил
Енергетски суверенитет и економска стабилност
Македонија и „Казанџи Холдинг АС“ потпишаа нов енергетски проект вреден милијарда евра. На заедничката прес-конференција, премиерот Мицкоски потенцираше дека со овој меморандум се испраќа јасна порака за решителноста на државата да го зајакне својот енергетски суверенитет и да го заштити економскиот интерес на долг рок. Проектот, според него, не е само инфраструктурен, туку суштински поврзан со стабилноста и иднината на државата.
Поддршка за гасификација и отворање нови работни места
„Енергијата е основа за секој вид производство и нормално функционирање на институциите и животот на граѓаните. Оваа инвестиција ќе овозможи сигурност, предвидливост и контрола врз клучниот енергетски систем“, истакна Мицкоски.
Тој додаде дека проектот ќе придонесе за зајакнување на индустријата, проширување на гасификацијата, отворање нови работни места и намалување на зависноста од увоз, со што се ублажуваат ризиците од надворешни ценовни и политички влијанија.
Извор: Нова Македонија