Хрватска ги исполни сите услови за влез во шенген зоната, според резолуцијата на ЕП , но исто така се повика Загреб да ги реши недостатоците во обуката на персоналот на границата и „да инсистира на темелна проценка на почитувањето на основните права“.

ЕП повика на продолжување на слободното движење во рамките на шенген зоната, што беше прекинато од пандемијата со Ковид-19.

Европратениците истакнаа дека некои проверки на внатрешните граници извршени од 2015 година се незаконски. Според нив, Европската комисија треба да поведе постапка.

ЕП е загрижен за извештаите за мигрантите кои ги одбива граничната служба Фронтекс на надворешните граници на Шенген.