Ракометар или член на делегација на репрезентациите учесници на претстојното Европското ракометно првенство, кој бил или ќе биде позитивен на коронавирусот, ќе треба да остане во петдневна изолација, објави ЕХФ.
Одлуката времето на изолација да се скрати од 14 на пет денови, како што наведе Европската ракометна федерација (ЕХФ) „се темели на најновите здравствени препораки, кои се однесуваат на периодот на карантин по инфекција со КОВИД-19“.
Ракометарите, кои се заразиле со вирусот, ќе можат да се вратат во своите репрезентации со приложување на два последователни негативни ПЦР тестови, а репрезентациите „под јасно пропишани правила“ ќе можат да повикаат дополнително нови играчи, кои не се на поширокиот список од 35. ракометари, што веќе се испратени до ЕХФ во декември.
Новите одредби стапуваат на сила веднаш, а се однесуваат и на сите инфицирани ракометари пред 6 јануари.
Повеќе репрезентации се соочуваат со големи проблеми со заразени ракометари пред стартот на Европското првенство, кое на 13 јануари започнува во Унгарија и Словачка. Најтешпка е состојбата во редовите на француската и српската репрезентација, кои поради десет позитивни случаи, мораа да ги прекинат подготовките.
Во македонската репрезентација досега не е пројавен позитивен случај на коронавирусот, а „црвено – жолтите“ својот прв натпревар ќе го играат в четврток против Словенија во Дебрецин.