Модернизацијата на јавните услуги
Македонските граѓани веќе го чувствуваат првиот ефект од формирањето на Министерството за дигитална трансформација, нова институција која стана дел од владиниот состав веднаш по преземањето на мандатот од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Ова министерство не е само ново име во структурата на извршната власт, туку и критичен двигател на модернизацијата на јавните услуги, со амбициозна агенда за целосно дигитализирање на администрацијата, документоцијата и комуникацијата меѓу институциите и граѓаните.
Администрација без хартија – граѓаните веќе добиваат документи онлајн
Преку редизајнираниот национален портал за услуги (uslugi.gov.mk), кој веќе нуди над 300 различни административни услуги, корисниците можат да добијат документи, дозволи, уверенија и потврди, без физичко присуство или чекање по шалтери.
Една од најважните проекти на министерството е реконструкција на националниот портал uslugi.govmk, кој е достапен да секој граѓанин или бизнис-заедница, има за цел да секој оној којшто има потреба од некаков документ, дозвола или уверение, истиот да го добие онлајн за само неколку минути. Денес, секој електронски документ кој е испечатен е валиден во таа форма и може да се користи исто како оригинален документ.
Секој издаден електронски документ, еднаш испечатен, има целосна правна важност и може да се користи како официјален акт во институциите. Со ова, губењето време и административните бариери стануваат дел од минатото.
Државата започна и со процес на интероперабилност помеѓу локалните и централните институции, со цел граѓаните да не мораат да бидат курири меѓу системите.
Во таа насока, веќе се отворени нови дигитални точки на услуги во Аеродром, Штип и Јегуновце, додека постоечките се технички унапредуваат.
Преку порталот се поврзани клучни институции како МВР, УЈП, ПИОМ, Катастарот, АХВ, Министерството за правда и култура, како и други регулаторни тела.
Сајбер безбедноста станува законска обврска
Во процес е усвојување на првиот национален Закон за сајбер безбедност, со кој ќе се воспостави систем за заштита од дигитални напади како што се хакерски пробивања, податочни манипулации и закани врз инфраструктурни системи.
Дополнително, ЕУ финансираше формирање на Национален центар за побезбеден интернет, кој има задача да промовира безбедно дигитално однесување кај сите возрасни категории, особено младите.
Поддршка за студентите и иновации преку ИННОФЕИТ
Министерството за дигитална трансформација започна и инфраструктурна поддршка за студентски домови, каде што се инсталираат бесплатни Wi-Fi зони, како и онлајн пристап до образовни и административни услуги.
Дополнително, со отворањето на ИННОФЕИТ – ЕДИХ, државата доби прв иновациски хаб што ќе биде мост меѓу академијата, јавниот сектор и Владата, со фокус на практична примена на дигиталните технологии.
Со дигиталната трансформација, фокусот се пренасочува од бирократија кон ефикасност и достапност. Наместо редици, службени изговори и административни лавиринти, граѓаните сега имаат услуга достапна од својот телефон, компјутер или таблет – 24/7.
Извор: Kurir