„Денеска, по совет на лекарот, ќе одмарам дома“, напиша Ердоган на Твитер.
Ердоган доцна синоќа го прекина телевизиското интервју во живо, велејќи дека му е лошо и дека има стомачни тегоби.
Турската телевизија објави дека претседателот ќе учествува на настаните во четврток, но „онлајн“.
Шефот на државата нема да може лично да присуствува на свеченото отворање на нуклеарната централа Акују, а планирал да биде таму во друштво на Владимир Путин. Нуклеарната централа е изградена од руски компании, а неодамна Путин ја откажа посетата.
Претседателските и парламентарните избори во Турција ќе се одржат на 14 мај. Тие го претставуваат најголемиот изборен предизвик за Ердоган.
Според анкетите на јавното мислење, Ердоган би можел да загуби по две децении на власт.