Доколку Грција не се „плетка“ во плановите на Турција во Егејското Море, тогаш нема да дојде до проблеми, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Турција ја тестираше својата балистичка ракета со краток дострел Тајфун во октомври. Ракетата може да погоди цел на растојание од 561 километар за 456 секунди.

„Колку е дострелот на Тајфунот? Тој е 561 километар. Што направија Грците? Весниците веднаш излегоа со наслови „Ќе ја погоди Атина“. Немаме таков проблем се’ додека не се плеткате со нас во Егејскиот регион. Се додека не се плеткате со нас во Егејот, ние нема да се плеткаме со вас“, рече Ердоган на церемонијата во Анталија.

Турција е членка на НАТО повеќе од 70 години и предупреди на провокативните дејствија и реторика на Грција во регионот во последните месеци, вклучително и вооружувањето на островите во близина на бреговите на Турција кои се демилитаризирани според обврските од договорот.