Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го коментираше катастрофалниот земјотрес што рано утринава ја погоди јужна Турција. Магнитудата на земјотресот била 7,8 степени според Рихтеровата скала.
Официјалниот биланс на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега изнесува повеќе од 500, а речиси 2.000 се повредени. Во тек е голема спасувачка операција.
Ердоган на Твитер објави дека спасувачки екипи доаѓаат од целата земја. „Се надеваме дека заедно ќе ја надминеме оваа катастрофа што е можно поскоро и со најмала штета“, напиша тој.