Турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган постојано се обидуваше да се претстави како посредник во постигнувањето некаков мировен договор меѓу Русија и Украина.

Тој денеска разговараше со новинарите во авионот на враќање од патувањето во Азербејџан и сугерира дека рускиот претседател неодамна бил поподготвен за мировни преговори отколку порано.

Ердоган рече дека сè уште се надева оти може да се постигне мировен договор додавајќи: „Видов дека Путин е многу помек и поподготвен да преговара на оваа тема отколку порано“, пренесе „Индекс.хр“.