Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се договориле за формирање центар за природен гас во Турција.
Тој рече дека Европа ќе добива гас преку Турција.
Обраќајќи им се на членовите на неговата партија АК во парламентот, Ердоган рече дека Путин рекол дека Европа може да ја снабдува со својот гас од центарот во Турција.
„Во Европа сега се занимаваат со прашањето како да се загрееме во претстојната зима. Ние немаме таков проблем. Со Владимир Путин се договоривме за создавање на гасен центар во нашата земја преку кој, како што вели , природен гас може да се испорачува во Европа. Така Европа ќе нарачува гас од Турција“, рече Ердоган, пренесува руската новинска агенција ТАСС.