Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска престојува во дводневна посета на Саудиска Арабија.
Според кабинетот на турскиот претседател, Ердоган на средби со саудиски претставници ќе разговара за односите меѓу Анкара и Ријад, како и за начините за зголемување на соработката.
Односите меѓу двете земји беа нарушени по убиството на новинарот Џамал Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул во октомври 2018 година, а Ердоган ги обвини „највисоките нивоа“ на саудиската влада дека издале наредба за извршување на тоа дело.
Оттогаш Анкара значително ја ублажи својата реторика, а на почетокот на овој месец Турција одлучи да го префрли судскиот спор за убиството на новинарот Кашоги во Саудиска Арабија.