Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека во провинцијара Сирнак, југоисточниот дел на земјата е откриено нафтено поле со резерви од 150 милиони барели.
– Откривме 150 милиони барели нафтени резерви околу планината Габар. Ова е едно од 10-те најголеми наоѓалишта на земјиште откриени оваа година. Вредноста на резервите достигнува околу 12 милијарди долари, истакна Ердоган.
Тој претходно изјави дека Турција има намера да произведува околу 100.000 барели нафта дневно, без да прецизира од кои наоѓалишта.