Ерменскиот претседател Армен Саркисјан поднесе оставка денеска, се вели во соопштението објавено на неговата официјална веб-страница.
Ерменскиот претседател наведува дека таа одлука ја донел поради фактот што не постојат инструменти за влијание врз внатрешната и надворешната политика.
Минатата година Саркисјан се најде во несогласување и расправии со премиерот Никола Пашинјан за неколку прашања, вклучително и смена на командантот на вооружените сили.