Како што соопшти МНР, честитајќи му ја новата, престижна и одговорна позиција на Џевахир, министерот Османи истакна дека очекува продлабочување на економската соработка меѓу Македонија и Турција и на можностите за привлекување нови странски инвестиции.

– Важно во Вашиот мандат ќе биде претставувањето на Република Македонија во сите сфери од заеднички интерес, во кои постои можност за интензивирање на постоечките врски и соработки. Република Турција е земја со голем потенцијал, кој може да се искористи за развој на билатералните односи, истакна Османи стои во соопштението.