Најсилната порака што ЕУ сега можа да ја испрати е да започне преговори за членство во ЕУ на Македонија и Албанија пред крајот на оваа календарна година, изјави денеска Габриел Ескобар, заменик државен секретар за европски и евроазиски пршања на САД.
Со тоа, рече тој, „ќе се отфрли разочараноста на населението во регионот од европските политики и ќе се запре злонамерното влијание на Русија и Кина кои работат против проширувањето на ЕУ во Западен Балкан“.
Во сослушување пред Комитетот на Претставничкиот дом за надворешна политика денеска на тема ангажманот на САД во Западен Балкан, Ескобар укажа дека и Македониај и Албанија ја завршиле тешката работо што од нив се барала и оти процесот треба да започне без одложување
-Одложувањето на процесот откако Советот на министри на 22 март препорача започнување на проеговорите, шири сомнеж во регионот и ризикува отфрлаање на надежите на новите генерации кои сакаат иднина во ЕУ, истакна Ескобар.
Тој ја повтори заедничката изјава на државниот секретар Ентони Блинкен и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел од 14 октомври дека евроинтеграцијата е единствена надеж за регионот.
-Мирот, стабилноста и проспертитетот преку интеграција во ЕУ е наша заедничка цел и работиме заедно кон таа цел, вклучувајќи и поддршка за дијалог под спонзорство на ЕУ, како најдобар пат за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, кажа Ескобар во однос на неодамнешниот конфликт со регистарските таблички во северно Косово
Ескобар истакна дека САД во изминатите десет години обезбедиле 2.4 милијарди долари помош за регионот. Само за фискална 2021 година, посочи, издвоивме повеќе од 120 милиони долари за помош за интеграцијата на регинот во ЕУ и изградба на отпор кон негативните надворешни влијанија.
Ескобар рече дека Москва и Пекинг активно се спротивставуваат на членството на регионот во ЕУ.
-Тие вршат дезинформации и ги употребуваат ранливите места за да ги пренасочат земјите од Западен Балкан од својот избран демократски пат, додека се здобиваат со економско и политичко присуство во Европа, рече Ескобар.
Според него, Русија ги употребува како оружје енергенсите што ги снабдува на Европа за да ги уценува политичарите, стимулира корупција и го запира потенцијалот за развој. -Кина исто така го шири своте влијание во критичната инфраструктура и со условувања во економјата. Ние не смееме да им дозволиме да успеат, порача тој.
Укажа дека Западен Балкен е економски динамичен регион со намера да се приклучи на единствениот европски пазар.
-Работејќи заедно, овие земји ќе ги решат политичките предизвици, и ќе ги засилат промените за кревање на животниот стандард, запирање на одливот на мозоци и обезбедување основи за долготраен просперитет. САД се посветени да се осигура оваа интеграција и приоритет да им са даде на одржливите инвестиции во квалитетна инфраструктура и премин од енергенси како јаглен во производство на чиста енергија.
Ескобар ги пофали иницијативите како Отворен регионален пазар и Зелената агенда и истакна дека администрацијата на претседателот Џо Бајден ја удвоила својата посветеност да работи со сојузниците за помош на Западен Балкан да го реализираат својот европски пат.