Заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар, утре (четврток, 24 август 2023 г.) доаѓа во посета на Скопје.

Ескобар ќе биде во земјава и в петок (25 август) за кога се предвидени најголем дел од средбите со неговите соговорници.

Освен со државно-владиниот врв, Ескобар ќе се сретне и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.