Ад ЕСМ ќе купува помала количина јаглен од предвидените 900 илјади тони за РЕК Битола затоа што третиот блок не е во производство веќе една недела заради пожар на трансформаторот, дознава Телма.

Неизвесно е кога овој термо блок ќе се врати во производство а се претпоставува дека санацијата ќе трае два месеци.

Според информациите на порталот, сега ЕСМ прави пресметки колкава количина на јаглен ќе се набави за пократок период, согласно новата состојба во комбинатот.

За домаќинствата се произведува електрична енергија од сопствениот ископ на јаглен.