АД ЕСМ во текот на изминатото деноноќие произведе 11.335 мегават часови електрична енергија. Во термоелектраните се произведени 8.824 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 2.511 мегават часови електрична енергија.
-Изминатото деноноќие нема никакви забележителни промени во однос на перформансите на производствените постројки. Во функција се два блока во РЕК Битола, работи РЕК Осломеј, а продолжуваат и сервисните активности во ТЕЦ Неготино. АД ЕСМ на 24.10.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените, домашни капацитети, соопшти Владата.