АД ЕСМ во 2022 година оствари добивка во износ од 2 милијарди 514 милиони и 105 илјади денари или 40 милиони и 880 илјади евра, објави компанијата, објави Фактор.

Фирмата-ќерка ЕСМ Продажба, која продаваше електрична енергија на слободниот пазар и ноќни вишоци, остварила добивка од 302 милиони денари или околу 5 милиони евра.

„Уште еден важен податок во однос на производството, за 2022 година предвидено беше производството во однос на 2021 година да се зголеми за 20%, АД ЕСМ го зголеми за 26,7%.

Од таму додаваат дека наместо 146 милиони евра, колку што бил планот за купување на електрична енергија, биле потрошени околу 47 милиони евра и со тоа се заштедиле 98 милиони евра од буџетот.

Во текот на енергетската криза ЕСМ имаше голема помош од Владата која на претпријатието во повеќе наврати му префрлаше десетици милиони евра од буџетот.