Лидерите на Европската унија денеска треба да усвојат заклучок за дијалогот меѓу Белград и Приштина, во кој ја нагласуваат „итната потреба за напредок во нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија“ и наведуваат дека европскиот предлог е „историски шанса“ за европската перспектива.

„Европскиот совет го поздравува европскиот предлог за воспоставување односи меѓу двете страни на нова и одржлива основа како историска можност, која двете страни треба да ја искористат за да ја постигнат својата европска перспектива“, се вели во документот кој го пренесува Танјуг.

Во заклучокот се додава втор став посветен на дијалогот, во кој се вели дека „во светло на неодамнешните тензии на северот на Косово, Европскиот совет ја нагласува итната потреба за напредок во нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија преку дијалог со посредство на ЕУ, предводен од високиот претставник“.