Во нацрт-резолуцијата се наведува дека досега податоците дадени од Европската комисија, производителите на вакцини и земјите од ЕУ се недоволни. Се очекува ЕП в четврток да го повика комитетот да ја покаже целосната содржина на потпишаните договори за снабдување со вакцини и да разјасни дали овие договори се прекршени.

Европратениците се очекува да инсистираат на појаснување на сумите од европскиот буџет во развојот на вакцините како и за договорените цени за испорака. Нацрт -резолуцијата ги повикува да побараат објавување на детални податоци од клиничките испитувања на вакцини, што може да помогне да се отфрли двоумењето на луѓето да се вакцинираат, како и да се спротивстави на дезинформациите, се вели во соопштението на ЕП.