Eвропската унија, како посредник во дијалогот, денеска формираше заеднички мониторинг комитет во кој страни во дијалогот за нормализација на односите се и Косово и Србија.

Задачата на заедничкиот комитет за следење е да го надгледува спроведувањето на Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија и неговиот анекс за спроведување.

– Ова е конкретно спроведување на она што беше договорено пред 30 дена во Охрид на средбата меѓу претседателот Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти. Со овој Заеднички мониторинг комитет ќе претседава специјалниот пратеник за дијалогот, Мирослав Лајчак. Косово ќе го претставува нивниот амбасадор во Брисел, а Србија од главниот преговарач. Комитетот редовно ќе се состанува во Брисел, а деталите ќе бидат финализирани и усвоени на првиот состанок на Комитетот, кој ќе се одржи по следниот состанок на високо ниво планиран овде во Брисел за 2 мај – изјави Стано, пренесува Euronews Србија.

Последен пат Вучиќ и Курти се сретнаа во Охрид на 18 март.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел, тогаш изјави дека се договорени практични чекори за тоа како да се спроведе февруарскиот договор од Брисел за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.