Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, ја осуди ескалацијата на насилството меѓу Израел и Палестинците, повикувајќи ги сите страни да покажат воздржаност и смиреност за време на верските празници.

Израелско-палестинските тензии се зголемија откако еден италијански турист беше убиен, а пет лица беа ранети во автомобил во петокот во Тел Авив, по нападот со пукање на окупираниот Западен Брег во кој загинаа две израелски сестри, пренесува Ројтерс.