Eвропската комисија ја промени содржината на извештајот според кој од Македонија се бараше да воведеме визен режим вклучително и Косово.
Но, во новиот извештај Косово е тргнато од листата во која остануваат Турција, Азербејџан, Боцвана, Куба и Ел Салвадор.
„Република“ ја праша Европската комисија и оттаму ни одговорија усогласувањето со безвизната листа на ЕУ е од клучно значење, како што беше истакнато и во неодамнешните политички и технички дискусии.
Тоа е според нив е еден од основните елементи на неодамна усвоениот Акциски план на ЕУ за Западен Балкан.
Инаку вчера ЕУ постигна начелна согласност граѓаните на Косово да патуваат без визи најдоцна од 2024 година