Euromax Resources Ltd, Ванкувер, Јули 28, 2023 година – (TSX: EOX): („Еуромакс“ или „Компанијата“) објави дека Владата на Република Северна Македонија („Владата“) донесе одлука со која го повлече претходно одобреното спојување на концесиите доделени на Компанијата, Иловица 6 и Иловица 11 („Спојувањето на концесиите“). Ваквата нова одлука не содржи и не е базирана врз правни аргументи за спротивно одлучување од одлуката со која беше потврдено Спојувањето.
Компанијата ќе побара од Владата повторно да ја разгледа одлуката за Спојување на концесиите (во соодветно време) со оглед на големата важност за развој на регионот и државата во целина.
Земајќи ги во предвид актуелните политички околности со кои е прекриена изненадувачката спротивна одлука на првично донесената од Владата, Компанијата со посебно внимание ги проценува следните чекори и ќе ги превземе сите неопходни активности со цел заштита и обезбедување на правата за сите акционери, што покрај другите ги вклучува и Европската Банка за Обнова и Развој (еден од водечките институционални инвеститори во Република Северна Македонија), Galena Resource Equities Ltd (компанија контролирана од Trafigura Групацијата, која е една од водечките компании за тргување и логистика на метали и други стоки), ND Group (приватна финансиска и инвестициска групација од Холандија), Equinox Partners (хеџ фонд лоциран во Њу Јорк), како и Royal Gold (компанија од САД која инвестира во права и инструменти за инвестициско злато).
Иако непоколеблив приоритет за Компанијата останува развој и изградба на рударскиот комплекс во целосна согласност со современите домашни и меѓународни еколошки стандарди, согласно правилата на Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови Компанијата веќе има дадено Формално известување за спор до Владата и сега може да покрене меѓународна арбитража во секое време. Сите инволвирани страни може да бидат предмет на директни правни дејствија доколку во легална процедура се покаже дека новата одлука е во спротивност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија, или е политички мотивиранa.
Tim Morgan-Wynne, Извршен Претседавач на Бордот на Директори, изјави:
„Компанијата разбира дека оваа одлука е чуствителна за сите засегнати страни, меѓутоа Компанијата ќе мора да ги превземе сите неопходни правни мерки и сите други неопходни чекори се со цел да ја заштити својата инвестиција и да ја заштити вредноста и интересот на секој акционер. И покрај тоа што со оваа одлука Владата си додели дополнително време да ги разгледа пошироките импликации, таквата арбитрарна политичка одлука која е надвор од позитивната правна рамка, ќе го активира алармот до меѓународни институции и инвеститори, што ќе резултира со сериозни сомнежи во врска со транспарентноста и правната сигурност во Република Северна Македонија“.