Трговскиот центар „Ист гејт“ е евакуиран, од него се изнесени сите вработени и купувачи.
Полицијата го обезбедува молот, на терен била и противпожарната бригада а причина за евакуацијата во Ист Гејт е запален автомобил во подземната гаража.
„Денеска во 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ Ист Гејт Мол се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило „рено лагуна” во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето“, велат од МВР.