Со лет од Дубаи донесени 150 патници
Втората група граѓани евакуирани од Обединетите Арапски Емирати пристигна попладнево на Меѓународниот аеродром Скопје, информира Министерството за надворешни работи. Станува збор за организиран лет од Дубаи со кој безбедно ја напуштиле територијата на ОАЕ вкупно 150 патници.
Според информациите, меѓу нив има 125 македонски државјани, како и граѓани од неколку други земји. Во авионот патувале и 7 државјани на Србија, 11 државјани на Косово, 2 државјани на Босна и Херцеговина, 2 државјани на Албанија, како и по еден државјанин на Германија, Ерменија и Црна Гора.

Летот организиран од државата
Евакуацијата е реализирана врз основа на претходно утврден план и во координација со надлежните институции. Летот бил организиран од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Трошоците за реализација на летот биле целосно покриени од државата.
