Дојава за бомба утрово стигнала и во ТЦ Бисер. Вработените во продавниците и муштериите излегоа пред трговскиот центар.
Претходно дојави за бомби пристигнаа и во уште 6 скопски училишта.

Она што видно може да се забележи е дека трговскиот центар е под засилена полициска контрола и службениците го контролираат секој дел од овој отворен трговски центар.

Од МВР се уште нема официјална потврда за дојавата во ТЦ Бисер.