Голем пожар попладнево избувна во поранешната фабрика „Треска“. По брзата и професионална акција на македонските пожарникари, пожарот е изгаснат.

Но, пламените јазици зад себе оставија огромна материјална штета. Не е познато што имало претходно во овие простории, но во моментов таму има само пепел и остатоци.