Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, на врвот, со највиски примања убедливо се програмерите.
Тие земаат во просек над 72.000 денари, што е раст за 10 отсто во однос на истиот период минатата година. Веднаш зад нив се вработените во фармацијата, каде просекот е над 47.000 денари.
Следни се лицата кои работат во финансиските дејности, телекомуникациите, воздухополовниот транспорт, управувањето со отпад и управувачки дејности.
Најмали се платите во текстилната индустрија. Во секторот производство на текстил просечната плата е над 22.600 денари, а кај производството на облека над 17.500 денари.